Група на ученици кои чекале автобус утрово биле нападнати со нож од страна на возрасен маж во Кавасаки, Јапонија, пренесуваат странски медиуми.
Најмалку 18 лица се повредени, а двајца од нив, 12-годишно девојче и 39-годишен маж, се мртви.
Напаѓачот кој имал околу 50 години се прободел со ножот во врат и подоцна им подлегнал на повредите.
Сѐ уште не е познат мотивот за нападот.