Северна Кореја нема да продолжи со преговорите за нуклеарно оружје со САД, доколку администрацијата на претседателот Доналд Трамп не отстапи, како што опиша Пјонгјанг, од едностраните барања за разоружување, пренесува „Асошиејтед прес“.
Изјавата доаѓа од неименуван Министер за надворешни работи на Северна Кореја објавена од националниот медиумски сервис, која се смета за последно покажување на незадоволството од застојот на преговорите и се очекува да делува како притисок врз Вашингтон да го омекне својот став кон санцкиите врз Севернокорејците.
Исто така, изјавата доаѓа во време кога претседателот Трамп се подготвува за посета на Јапонија и средба со премиерот на земјата Шинзо Абе, состанок на кој прашањето за нуклеарната програма на Северна Кореја најверојатно ќе биде главно на агендата.
Во изјавата од официјалната новинска агенција на Пјонгјанг, портпаролот на Северна Кореја ги обвини САД за намерен неуспех на преговорите на кои се одржаа во февруари со еднострани и невозможни барања.
– Доколку САД не ги променат сегашните методи, Северна Кореја нема да продолжи со дијалогот и иднината на преговорите со нуклеарното прашање нема светла иднина – стои во официјалната изјава на челните луѓе во Северна Кореја.