Десет дена откако во Индонезија се одржаа најголемите еднодневни избори во светот, повеќе од 270 лица ги загубија животите поради болести поврзана со прекумерна работа, заради броење милиони гласачки ливчиња, објавија денеска официјални претставници.
– До саботата вечер, 272 лица ги загубија животите, главно поради прекумерни часови на работа, а 1878 други заминаа на боледување- изјави портпарол на Генералната изборна комисија.
На 17 април во земјата од 260 милиони жители беа за првпат одржани избори во исто време – и парламентарни и претседателски, со цел да се намалат трошоците.
Гласањето мина мирно, а одѕивот беше околу 80 отсто од 193 милиони гласачи со право на глас, кои мораа да пополнат до пет гласачки ливчиња на 800.000 избирачки места.