Од јагула и есетра до панголин и желка, стотици видови се загрозени од човечкиот глад или алчност. Ќе наброиме некои што се најризични кога станува збор за исчезнувањето

Ако постои храна што ја симболизира човечката волја да се јаде едно животно до работ на истребување, тоа е ортолан бантинг, евроазиска птица. Традиционално оваа птица ја голтале во еден залак.

Во Франција, каде што ортоланите биле забранети за ловење од 1999 година, 30.000 птици сè уште се ловат секоја година, според РСПБ. Тие велат дека им носат по 150 евра по глава. И покрај напорите за зачувување, бројот на ортоланите падна за 84 отсто помеѓу 1980 и 2012 година.

Сепак, Меѓународната унија за заштита на природата (ИУЦН) го наведува ортоланот како „вид од најмала загриженост“. Професорот Дејвид Макдоналд од Универзитетот во Оксфорд, во 2016 година објави дека има многу животни што се во поголема опасност поради нашите кулинарски навики. Според него, нашиот апетит им се заканува со исчезнување на 301 вид цицачи.

Во прилог неколку од неговата листа.

Кинески џиновски саламандер
Откако е лоцирана низ централна, југозападна и јужна Кина, за најголемата амфибија во светот е забележано дека нејзината природна популација е намалена за 80 отсто од 1960 година. Обично се продаваат по 1.500 долари на црниот пазар, каде што се ценети како деликатес, како и за нивните лековити својства.

Белуга есетра
Овие антички риби, кои се огромни и може да тежат до еден и пол тон, може да се најдат од централна Русија до Италија и северен Иран, но прекумерниот риболов за нивното месо и кавијар и катастрофалниот ефект на модерната речна инфраструктура го намали нивниот опсег само на две реки, Урал и Данубе, како и базените во кои се влеваат, Касписко и Црно Море. Експертите сметаат дека им се заканува целосно исчезнување.

Панголин
Од 2000 година се проценува дека повеќе од еден милион панголини, едни од најтргуваните диви цицачи во светот, се убиени за месо и крв, како и за нивните лушпи, кои се користат во традиционалната кинеска медицина.

Енџелшарк
Научниците велат дека овој вид е на чекор до исчезнување во дивината. Нејзиниот опсег – кој до средината на 20 век се протегаше од Норвешка и Ирска до Мароко и Црно Море се има намалено за 80 отсто. Оваа риба, која живее на дното од морето, е загрозена при заловување други видови и е дел од случајниот лов во мрежите.

Црвена речна желка
Откако е распространет во Виетнам и во Кина, овој вид сега се сведува само на четири единки благодарение на локалниот апетит за месо и јајца. Со двајца мажјаци во две различни виетнамски езера, од кои едниот не е репродуктивен, се смета дека овој вид тешко ќе преживее.

Граер горила (источна низинска горила)
Лоцирана на планините во источна Демократска Република Конго, во северозападна Руанда и во југозападниот дел на Уганда, оваа горила е особено ранлива за лов на месо. Додека другиот источен горилски подвид – планинската горила – е единствениот голем мајмун чиј број се зголемува, источните низински горили се во постојан пад. Нејзината популација се проценува дека е намалена за 77 отсто во една генерација на 3.800 единки.

Европска јагула
Овие мистериозни риби мигрираат од Атлантикот до свежи и крајбрежни води додека растат, а потоа да се враќаат назад во океанот за да се размножуваат. Според процените приносите се преполовиле од 1960-тите. Се соочуваат со прекумерна експлоатација, МКС повикува да се избегне јадењето европска јагула во која било фаза од нејзиниот животен циклус.

Црвен колобус
Кристоф Швицер од Зоолошкото здружение во Бристол вели дека оваа група видови мајмуни, од кои има останато 18 и се одлични примери за примати со големи тела, се лови до исчезнување, бидејќи тие се одличен семеен оброк. Тие се наоѓаат во супсахарска Африка, каде што деградацијата на нивните живеалиштата и ловот се со катастрофални ефекти. На пат е да исчезне во следните пет години.

Индри
Лемурите на Мадагаскар се најзагрозената светска група примати, но и на 105 од 111-те познати видови и подвидови на островот им се заканува исчезнување. Освен злоупотребата на живеалиштата, на егзистенцијата на мајмуните индри во изминативе 15 години им се заканува алармантниот пораст на комерцијалното ловење за локалните ресторани. Оваа нова закана е поврзана со политичката и економската криза на островот. Како што информираат научниците, луѓето гладуваат.

Саола
Изгледаат како антилопи. Западната наука ги открила кога пронашла рогови во раните 1990-ти во домовите на виетнамски ловци. И денес малку се знае за нив, и не се знае колку има останато, можеби околу 30. Во регионот од југоисточна Азија речиси сите големи животни ловат за храна.