Почнувајќи од денес во 20ч., во Џебното кино на Младинскиот културен центар – Скопје, во организација на дебатниот филмски клуб „Лале“ и Гледај.мк, секоја среда ќе се одржуваат бесплатни филмски проекции со проследни дискусии.
Селекторот на филмската програма на „Месец на бутновност“ е Влатко Галевски кој ќе рече:
– Секоја генерација има свои бунтовници. Но, не оние суперхерои од марвеловата ергела, не славни имиња од историјата или уметноста, не од науката, туку обични мали, едноставни ликови од нашето соседство чиишто инстикти и внатрешните пориви се етичкиот баланс на вредностите, суштината на разликување добро од зло. Во месец март тие се нашите херои!
„Месецот на бутновност“ ќе започне со проекција на филмот „Ова е Англија“ од 2006г., на режисерот Џо Хартли.
„Има нешто заканувачко, многу вознемирувачко и затегнато во оваа емпатична приказна за „лудилото“ на растењето. Прониклива режија и врвен кастинг… музиката на Лудовико Инауди во идеална контратежа со драмското дејствие“, истакнуваат од Гледај.мк.