Едно бугарско домаќинство во просек месечно троши по 400 лева за алкохолни пијалаци, покажуваат најновите податоци на Еуростат за потрошувачката на алкохол во 2017 година. Домаќинства во Бугарија потрошиле една милијарда и 200 милиони лева за набавка на алкохол. Според податоците на Националниот институт за статистика, околу еден милион луѓе или 15 проценти од Бугарите консумираат алкохол речиси секој ден или неколку пати неделно.
Учеството на мажите што консумираат алкохол редовно или понекогаш е речиси 4 пати повисоко од она на жените. Повеќето од мажите што консумираат алкохолни пијалаци се на возраст од 45 до 64 години, а жените се на возраст од 20 до 45 години. Секој втор маж претпочита да консумира некој алкохолен пијалак, а секоја втора жена се одлучува за вино.
Студијата открила дека потрошувачката на алкохол кај адолесцентите е зголемена. Просечната возраст кај младите што првпат пробале алкохол е 13 години. Учениците од 13 до 18-годишна возраст консумираат главно пиво.
Најголема потрошувачка на алкохол има кај жителите на Естонија, Летонија и Литванија, а најмалку во Шпанија, Италија и во Грција.