Во недостиг од звучни и крупни јануарски зделки во 2019-та, да се потсетиме на најголемите, не само финансиски, топ пет зимски трансфери во Европа.
Лани, веднаш на почетокот од годината, Ливерпул го купи од Саутемптон центархалфот Вирџил ван Дајк, за астрономски 75 милиони фунти. Тогаш се чинеше дека „црвените“ го преплатиле, но една година подоцна, откако Ливерпул играше во финалето на Лигата на шампионите (ЛШ), лани и сега е на лидерската позиција, во трка по титулата во Премиер-лигата, се чини дека неговиот трансфер бил полн погодок.
Кевин де Брујне замина од Челси во Волфсбург во зимата 2014-та за 17,5 млн. фунти. Тој во следната сезона даде 16 гола во сите конкуренции и имаше 21 асистенција, со што му помогна на Волфсбург да го освои Купот на Германија, првпат во историјата, како и вицешампионската титула во Бундес-лигата. Потоа замина во Челси за 57 млн. фунти
Иван Ракитиќ се пресели од Шалке во Севилја во јануари 2011-та. Тој со тимот од Андалузија го освои првиот од трите во низа купа на УЕФА, и тоа како капитен. Потоа се пресели во Барселона, каде што исто така е еден од главните играчи.
Луис Суарез дојде во Ливерпул од Ајакс во јануари 2011-та и стана еден од главните играчи. Во сезоната 2013/2014 тој беше најефикасен во Премиер-лигата и малку недостигаше со Ливерпул да ја освои толку посакуваната шампионска титула. Следната 2015-та во дресот на Барса освои три титули.
Андреа Барзаљи мина во Јувентус од Волфсбург зимата 2011-та, откако две години претходно стана првак на Германија. Со Леонардо Бонучи, Џорџо Кјелини и со Џанулиџи Буфон на голот освои седум шампионски титули во низа за „старата дама“.