Фото: Пиво фест

Синоќа со настапите на прилепчаните Елена Петреска, групата Балканика и Ален Хасановиќ започна 18. издание на „Пиво Фест 2022“.

Прилепчани и гостите од другите градови уживаа во изведбите на македонски хитови. Штандовите беа преполни со посетители, а забавата која започна во 18 часот, кулминираше со настапот на Џамбо Агушеви оркестра и заврши со забава на алтернативната сцена до раните утрински часови.

Фото: Пиво фест

Организаторите велат дека се покажало оти фестивалот во изминативе две години и недостасувал на македонската публика. По првата вечер сабајлето градот беше исчистен од комуналците, подготвен да ги пречека новите гости и изведувачи вечерва
Програмата вечерва започнува во 19 часот, со настапот на Рок Блуз Бенд, потоа следуваат Игор Џамбазов и Гуру Харе, Ареа, Дивље Јагоде и Брас Брадрс, а на алтернативната сцена настапуваат Dj Anna Noodle и DjLili Diva.

Од Дивље јагоде посочија дека им било чест што првпат ќе настапат на Пиво фест и дека ќе се претстават во вистинско светло, пеејќи стари и нови хитови.

Ка.М.