Битолскиот и македонски карикатурист Блаже Докуле на 22-oт по ред фестивал на Струмичкиот карневал, освои сребрена плакета за еротска карикатура.

Ова признание Докуле го освои во конкуренција на голем број познати карикатуристи од земјава и повеќе земји во светот.

За Докуле ова е 12 награда која ја освоил на овој реномиран Струмички фестивал, кој се одржува во исто време со карневалот.

Во рамките на Струмичкиот карневал, Докуле освои и специјална награда од весниците „Струмица денес“ и “Време“, како и од градот Струмица.
Во богатата кариера на битолскиот карикатурист Докиле ова е 51 награда.
М.М.