Екатерина Лазаревска
Александра Лашкова
Во главната конкуренција за најдобар игран филм на Сараевскиот филмски фестивал (СФФ) кој годинава ќе се одржи од 12 до 19 август, ќе се натпреваруваат осум филма.
За наградите „Срцето на Сараево“, според изборот на селекторката Елма Татарагиќ, ќе се натпреваруваат четири филма кои ќе забележат светска, а уште четири регионална премиера.
Според пропозициите, наградата „Срцето на Сараево“ ќе биде доделена за најдобар игран филм, за најдобра режија, за најдобра актерка и најдобар актер.
Светската премиера со прикажувањето во Сараево ќе ја имаат: „Балада“ во продукција на Босна и Херцеговина, на режисерката Аида Бегиќ, романско-бугарската копродукција „Работни луѓе“, во режија на Паул Негоеску, потоа „Јавачи“ копродукција на Словенија, Хрватска, Србија, Италија и Босна и Херцеговина, во режија на Доминик Менцеј, како и унгарскиот „Шест недели“ во режија на Ноеми Вероника Жакоњи.
Регионални опремиери, пак, ќе имаат „Клондајк“, копродукција меѓу Украиуна и Турција, вио режија на Марина Ер Горбах, „Корсет“ на режисерката Мари Кројцер, како копродукција на Австрија, Луксембург, Германија и Франција, „Јас ќе служам“, австриски филм режиран од Рут Мадер и хрватскиот филм „Сигурно место“ на Јурај Леотиќ.
Жирито што ќе ги одбере најдобрите го сочинуваат: режисерот и сценарист Себастијан Меисе (претседател), потоа режисерката, сценаристка и просуцентка Лусил Хаџихалиловиќ, сценаристката и режисерка Антоанета Аламат Кусијановиќ, артистот Милан Мариќ и продуцентот и консултант Катрил Шори.