Џон Илија Апелгрен веќе три децении е на музичката сцена и е еден од ретките што ја одржува во живот, но и ја освежува, џез-сцената. Тој говори за софистицираниот музички вкус, за општеството, но и за најсуштинските човекови стравови и желби.
Човек без свест е?
– Навреда за природата.
Ако Македонија го немаше Шпато музичката сцена ќе беше…?
– Посиромашна за еден исклучителен музички гениј.
Клише во музиката, но и клише во секојдневието, го прави животот…
– Досаден и сив.
Светот е мал само кога…
– Ние сме големи.
Некомпетентни кадри ставени на функција ја прават државата…?
-Тажна и осамена како залепен мрсул под маса.
Човек не може да живее без…?
– Љубов, пардон, ЉУБОВ.
Кога би имале временска машина би заминале…?
– Во детството, некаде околу 1976 кога бев безгрижно југословенско дете.
Најмногу ве плаши?
– Губење на љубов/та.
Доверба имате само во луѓе што…?
– Знаат да љубат, да се радуваат на туѓата среќа и искрено да се смеат.
Најмногу ве уморува?
– Администрација.