Ана Голејшка е поетеса и активистка, една од основачите на хуманитарната акција „Ретвитни оброк“, како и на поетската манифестација „Астални проекции“. Годинава ќе биде објавена нејзината втора поетска книга „Напишан дом“.
Да се биде слободен значи…
– Да се љуби до бескрај. Да не се пополнуваат уплатници. Да не се плаќаат даноци.
Кога во реалноста не би постоеле ликови како од романи, животот би бил…
– Светло сив, како тажно глувче.
Асталот е место на кое…
– Пишувам, пијам, пеам, водам љубов, живеам!
Кога не би постоела поезијата, светот би бил…
– Испеглана кошула што нема кој да ја облече, нит испоти на свадба.
Храната не е луксуз, туку…
– Основна човечка потреба и се залагам да биде достапна за сите. Храната е мојата прва љубов.
Најтешко на светот е да создадеш…
– Чисто срце.
Да бидеш сам со себе е исто важно како и…
– Исто важно како и да се плива гол, да се готви за најдрагите, да се слуша кога некој раскажува убави нешта, да се биде со љубениот/та.
Отсуство на амбиција, но и голема амбиција значи…
– Македонија има отсуство на амбиција за важни нешта, но и голема амбиција за погрешни нешта. Прекрасни сме.
Скопје е град во кој…
– Живеам, се нервирам и го љубам. Отсекогаш.
Денот е музика кога…
– Таа ќе клоцне и ми кажува дека е тука.