Претераното јадење сладолед може да доведе до зголемен број килограми, а може и да ја наруши микрофлората на дигестивниот тракт. Меѓутоа, уште поризично е да се јаде оваа ова благо пред спиење.
Стручњаците неодамна потврдија дека постои уште една негативна страна на консумирањето сладолед, особено ако сакате да го јадете пред спиење, поради тоа што тоа може да влијае на квалитетот на сонот. Едно истражување покажа дека луѓето што лошо се хранат и кои внесуваат вишок калории, особено во облик на шеќери, лошо спијат. Имено, истражувањето што е спроведено неодамна ја потврди теоријата дека шеќерите се главна причина за неквалитетен сон.
Кога телесната температура ни е ниска тоа значи дека влегуваме во најквалитетната и најдлабока фаза на сонот. Меѓутоа, доколку пред да заспиеме јадеме храна полна со шеќер, телесната температура е повисока и потешко паѓаме во длабок сон.
Еден вид сладолед е особено проблематичен, се работи за оној од чоколада. Заедно со шеќерот, тој содржи и кофеин и теобромин – антиоксидант што дејствува како стимуланс и нѐ држи будни.