Иако изгледот при изборот на партнерот за некои е приоритет, едно истражување покажа дека, всушност, тој понекогаш е најмалку важен фактор. Испитувањата покажаа дека мажите што имаат подебели партнерки, се посреќни од оние со слаби избранички, и тоа дури десетпати повеќе.
На пример, мажите со подебели жени повеќе се смеат од оние што имаат послаби партнерки и се многу позадоволни. Причина, послабите жени почесто се резервирани, фокусирани се на својот изглед и помалку експресивни, што влијае на нивниот однос со мажите со кои се во врска. Исто така подебелите жени полесно ги решаваат проблемите и конфликтите во врските, се наведува во заклучоците од истражувањето.
И едно научно истражување на Факултетот за психологија во Њукасл покажало дека дури и момчињата повеќе се вртат по полнички девојки отколку по оние слабите. Тоа особено важи за оние што се под стрес, заклучиле истражувачите.
За да откријат кој тип жена во одредени ситуации ги привлекува мажите, тие ги поделиле испитаниците во две групи. Најпрвин ги изложиле на стресна ситуација, а потоа им понудиле да изберат фотографии на девојки што им се допаѓаат. Се заклучило дека сите мажи што биле под стрес одбрале слики на подебели жени.
– Ваквата одлука се поврзува со еволуцијата, која така ги програмирала. Стандардите за убавина и привлечност се менуваат во зависност од конкретната ситуација. Во критичните моменти, посилниот пол повеќе се потпира на пополните дами, заради полесен опстанок и продолжување на видот – изјавил професорот д-р Мартин Тови, член на истражувачкиот тим.