Австралиските научници открија членконог со 1.306 нозе, кое има најмногу од сите досега познати животни.
Според нив, суштеството од видот стоногалки е „чудо на еволуцијата“, пишува „Скај њуз“.
Неколку примероци се пронајдени на речиси 60 метри под земја во областа Голдфилдс-Есперанс во рудник во Западна Австралија, каде се ископуваат злато и литиум.
Суштеството нема очи, има бледа боја, долго е околу 95 милиметри и широко помалку од еден милиметар.
Стоногалката се ориентира во околината само со допир и мирис. Живее во целосна темнина под земја меѓу парчиња железна руда и вулкански карпи.