Освен што ќе ја репризира улогата на Бетмен за претстојната филмска верзија на „Флеш“, се чини дека Бен Афлек ќе биде зафатен и со друг филмски проект, бидејќи е најавено дека ќе глуми во филм за големиот волшебник на 20 век, познатиот мајстор за илузија Хари Худини.
Филмот на „Дизни“ ќе го режира Ден Трахтенберг, а се базира на книгата на Вилијам Калуш и Лери Сломан, „Тајниот живот на Худини – создавањето на првиот американски суперхерој“.
Роден во Унгарија во 1874 година, Хари Худини е професионален магионичар илузионист, мајстор за бегство познат по своите зачудувачки бегства, успевајќи да се ослободи од лисици и врзани јакни или лудачки кошули, на локации како што се стомак на кит или кутии потопени под вода.
Како и да е, Афлек во филмот нема да ја игра улогата на Худини. Актерот најверојатно ќе се појави како некаков агент.