Патувањето со авион може да биде возбудливо искуство, особено ако се подготвувате за првиот лет. Меѓутоа, постојат и некои „мрачни“ тајни што треба да ги знаете пред да патувате. Стјуардесите открија некои од мрачните тајни на летањето за кои патниците веројатно не се ни свесни, а за кои би требало да знаат.
Хигиена: Авионите се екстремно валкани, затоа не одете по нив боси. Дефинитивно не треба да јадете нешто што паднало на подот на авионот. Што се однесува до ќебињата или перниците, подобро е да не ги барате, бидејќи речиси никогаш не се менуваат или перат.
Исто така, не е препорачливо да се пие кафе во авионот, бидејќи водата доаѓа од систем што се наоѓа веднаш до цевката за тоалетот. Водата редовно паѓа на тестот за бактерии.
Можете лесно да го активирате алармот за пожар: Не треба да прскате парфеми или какви било спрејови во авионот бидејќи тие можат да го активираат алармот за пожар. Ако мислите дека стјуардесите ви даваат осудувачки поглед, во право сте. Додека се качувате во авионот, стјуардесите ве оценуваат, тие мора да го направат ова за да знаат што ги чека на летот.
Оштетени авиони: Според стјуардесите, многу ретко ќе се случи да летате со авион што нема барем некаков дефект, но тоа не значи дека не е безбедно да се лета.
Кога ќе се појави потенцијална опасност, голема е веројатноста вашиот персонал да молчи за да не се паничи. Кога луѓето прашуваат која е причината за доцнењето на полетувањето, најчесто добиваат некој безопасен одговор, затоа што вистинската причина би ги налутила патниците.