Компанијата „Мета“ (поранешен „Фејсбук“) ја заврши првата фаза од развојот на својот нов суперкомпјутер со вештачка интелигенција. Кога ќе заврши развојот на компјутерот, наречен „АИ рисрч суперкластер“ (РСК), оваа година, тој ќе стане најбрзиот суперкомпјутер со вештачка интелигенција на планетата и ќе може да врши речиси пет операции на егзафлоп во секунда.
РСК ќе им помогне на истражувачите да развијат подобри модели на вештачка интелигенција, кои можат да научат милијарди примери. Моделите на вештачка интелигенција ќе можат да создаваат подобри алатки за проширена реалност и да анализираат текст, фотографии и видео. Поголемиот дел од оваа работа е дел од визијата на метаверзумот, во која апликациите и производите на вештачката интелигенција ќе играат клучна улога.
– Се надеваме дека РСК ќе ни помогне да изградиме сосема нови системи за вештачка интелигенција, кои можат, на пример, да извршуваат гласовни преводи во реално време за големи групи луѓе, од кои секоја зборува различен јазик, за да можат да соработуваат на истражувачки проект или да играат игри заедно – изјави менаџерот на техничката програма Кевин Ли.
Суперкомпјутерот моментно има 760 Нвидиа ДГХ А100 системи, со вкупно 6.080 графички процесори. „Мета“ верува дека сегашната верзија е меѓу најбрзите суперкомпјутери со вештачка интелигенција на планетата. Исто така, РСК може да „тренира“ големи модели за обработка на јазици трипати побрзо, така што моделите со вештачка интелигенција можат брзо да утврдат дали активноста, звукот или фотографијата се штетни или безопасни. Ова може да биде корисно на пример за борба против говорот на омраза. Истражувачите тврдат дека истражувањето ќе помогне да се заштитат луѓето на платформи како Фејсбук и Инстаграм, но и во метаверсот, односно метаверзумот.
Покрај создавањето на физичката инфраструктура и системи за водење на РСК, компанијата мора да обезбеди контрола на безбедноста и приватноста за да ги заштити податоците што ги користи. Со користење вистински податоци од нејзините системи за производство наместо збирки од јавно достапни податоци, „Мета“ може поефикасно да го користи своето истражување така што ќе идентификува штетна содржина.