Фото: Констракта (принтскрин РТС)

Србија вчера вечер го избра својот претставник за „Евровизија 2022“, тоа е Ана Ѓуриѓ, односно Констракта која ја испеа песната со наслов „In corpore sano“.

Таа доби најмногу гласови и од жирито и од публиката, која гласаше преку СМС пораки, во сооднос 50:50 и собра 24 поени.

Ексцентричната пејачка, која веќе почнаа да ја споредуваат со Лејди Гага, до овој настап не беше многу позната во Србија, но уште по настапот во полуфиналето стихот од нејзината песна „Уметницата мора да биде здрава“ е вистински хит на социјалните мрежи. Инаку, таа е дипломиран архитект, претседателка на куќниот совет во зградата во која живее, мајка на две деца и членка на групата „Земја на грувот“ со која настапува.

Второпласирана заврши Саја Јо, со 20 и Зорја со 18 поени. Во финалната вечер беа испејани 18 песни, а меѓу интерпретаторите беше и нашта Тијана Дапчевиќ која пееше „Љуби, љуби довека“ и остави одличен впечаток.

Фестивалот имаше две полуфинални и една финална вечер и беше организиран на светско ниво. Водители беа Драга Косјерина и Јован Радомир, додека за амтмосферата во бекстејџот се погрижи водителската двојка Кристина Раденковиќ и Стефан Поповиќ.

На „Евровизија 2022“, што ќе се одржи во салата „Пала Олимпико“ во Торино, Италија, ќе настапи 41 држава. Полуфиналните вечери се на 10 и 12 мај, а големото финале на 14 мај.

Македонија ќе ја претставува Андреа со „Circles“.

Ма.Т.