Психопатите многу често се отворени, амбициозни и комуникативни луѓе. Имајќи предвид дека се фокусирани пред сѐ на постигнување успех, тие се моќни и најчесто се на високи позиции, особено кога станува збор за работата. Воопшто не е лесно да ги препознаете, бидејќи во јавноста често оставаат впечаток на стабилни лица.
Меѓутоа, како што наведуваат експертите што го проучуваат овој тип на луѓе, постојат одредени карактеристики благодарение на кои лесно можеме да препознаеме дека се психопати.
Според „Психолоџи тудеј“, следните особини се заеднички речиси за сите психопати: склоност кон патолошко лажење и манипулација, недостиг од морал, недостиг од емпатија и бесчувствителност, вербална или физичка злоупотреба, неможност да се преземе вината за сопствените грешки и постојано обвинување на другите за нивните проблеми.