Во текот на декември ЧетГПТ им дозволува на сите да разговараат со четбот како Дедо Мраз. Компанијата „ОпенАИ“ претстави многу интересна опција, која несомнено ќе ги задоволи оние што веќе се во празничниот дух. До крајот на декември четботот ЧетГПТ ќе може да го имитира гласот на Дедо Мраз.
Оваа функција е достапна во режимот Адвансед војс, до кој корисниците можат да пристапат со допирање на копчето десно од полето за внесување текст. Откако ќе го направат тоа, корисниците меѓу стандардните опции ќе можат да го пронајдат гласот на добропознатиот брадест дедо од Северниот Пол. Апликацијата го опишува овој глас како „весел и светол“ и звучи исто како што го замислувате Дедо Мраз – со познатото смеење „хо, хо, хо“. Иако гласовниот режим во апликацијата ЧетГПТ официјално не го поддржува македонскиот јазик, тоа нема да ве спречи да го слушнете Дедо Мраз на македонски Едноставно кажете му на кој јазик сакате да разговарате и четботот ќе се приспособи на вашите барања. Гласот на Дедо Мраз е достапен за сите корисници, без разлика дали ја користат апликацијата на паметен телефон или на компјутер. Иако може да биде одлично хоби за децата, имајте на ум дека „ОпенАИ“ не ја препорачува новата опција за под 13 години.