Обединетите Арапски Емирати планираа да го испратат својот ровер „Рашид 2“ на Месечината како дел од кинеската мисија „Чанг’е 7“, планирана за 2026 година, но САД го забранија тоа. Причината за забраната е законот наречен Регулатива за меѓународен сообраќај на оружје (ИТАР), кој забранува лансирање дури и на најобичните графички делови произведени во САД за користење кинески ракети, а лансирањето на роверот „Рашид 2“, кој користи американски направени компоненти, би го прекршило тој закон.
Сепак, тоа не значи дека „Рашид 2“ никогаш нема да стигне до Месечината, бидејќи ОАЕ имаат можност да ги користат услугите на овластени партнери како Јапонија и „Спејс екс“, како и опција за добивање лиценца. Критичарите бараат промени во ограничувањата на ИТАР, бидејќи тие се застарени и значително влијаеја на американската вселенска индустрија. Европските компании ги избегнуваат ограничувањата на ИТАР така што произведуваат специјални линии на производи што не користат американски делови.
Професорот Џон Лонгсдон од универзитетот „Џорџ Вашингтон“ вели дека има некои исклучоци за блиските сојузници на САД. Меѓутоа, во случајот на соработка меѓу ОАЕ и Кина, потребна е лиценца за производство на која било американска технологија што е предмет на ИТАР, а што ја користи роверот „Рашид 2“.
Лиценца или друг договор ќе објасни како технологијата ќе биде спречена да заврши во кинески раце. Во спротивно, ОАЕ мора да добијат дозвола што на Кина ѝ овозможува пристап до технологијата. Причина за загриженоста на САД е можноста Кинезите да го расклопат и проучат дизајнот на роверот „Рашид 2“ кога ќе пристигне во Ксичанг пред лансирањето.
САД направија нешто слично во раните денови на „вселенската војна“. ЦИА украла советска лунарна сонда наречена „Луна 3“, која била изложена во Мексико, по што била вратена на терен по делумно расклопување и фотографирање на внатрешноста.
Планираната мисија „Чанг’е 7“ вклучува орбитер, лендер, ровер, „скокач“ и сателит. Ќе носи десетина инструменти, кои ќе бидат оперативни најмалку осум години, а целта е да се отвори патот за изградба на меѓународна станица за истражување на Месечината предводена од Кина во 2030-тите години.
Ограничувањата на ИТАР ја натераа Кина да развие сопствена технологија и ако нема промена во законот, производите што не подлежат под ИТАР ќе се произведуваат сè повеќе во Европа и ОАЕ, така што на крајот светот ќе биде помалку зависен од американските вселенски производи.
ИТАР имаше негативно влијание врз американските вселенски компании, поради што индустријата повика на промена на законот и приспособување на актуелните технолошки трендови. ИТАР е во сила од 1976 година и многумина тврдат дека тој повеќе не е релевантен и дека ѝ предизвикува значителна економска штета на американската вселенска индустрија.