Двата македонски фестивали „Таксират“ и „Д фестивал“, заедно со фестивалите „Ипсигрок“ (Италија) и „Халдерн поп“ (Германија), како и повеќе општествени и музички организации од Европа, се обединија да одговорат на нивните заеднички предизвици во музичката индустрија. За оваа цел групата има создадено две програми, кои разгледуваат две различни проблематики, за градење на волонтерските капацитети што ќе се одржат во рамките на „Талин мјузик вик 2023“. Овие две програми се „Сејфлејс“ и „СМА – смол мјузик акселејторс“, на кои сите заинтересирани можат да се пријават преку отворените повици што се во тек.
„Таксират“ е дел од програмата „Сејфплејс“, финансирана од Националната агенција за млади во Италија, и програмата на ЕУ, „Еразмус+“, која дополнително во соработка со „Мјузик Естониа“ (Естонија), општествените активисти „АПС ноус“ (Италија), уметничките организатори БЈЦЕМ (Белгија), како и волонтерските експерти „Витатим“ (Естонија), имаат цел да ги развијат инклузивноста и правичноста во културните настани. Преку волонтерската професионалност, ваквите вредности можат да имаат огромно влијание врз новата генерација љубители и организатори на фестивали. „Д фестивал“ исто така со дополнителна помош од општествени и музички организации од Европа е дел од проектот „СМА“, финансиран од „Креативна Европа“, чија цел се социјално, финансиски и еколошки одржливите бизнис-модели.
Оваа цел програмата ќе ја постигне преку обука на волонтери, создавање професионална инфраструктура и перспектива, развивање туризам и зајакнување на врската со сите засегнати страни на база на високовредносна заднина. Клучниот збор на „СМА“ е одржливоста: решавање проблеми и учење од најдобрата практика, тренинг и едукација во сите слоеви на организацијата, како и споделување на знаењето што не само што ќе го забрза настанот на партнерите туку ќе има и позитивно влијание врз целата фестивалска заедница.