Фото: Пиксабеј

Ако вашето куче е дебело, сосема е сигурно дека ќе има барем еден здравствен проблем. Прекумерната тежина кај кучињата предизвикува дијабетес, проблеми со зглобовите и други болести, а покрај тоа, кучиња со прекумерна тежина живеат во просек 2,5 години пократко од милениците со нормална телесна тежина.
Иако ова се лоши вести за милениците, сепак можеме да им помогнеме, особено кога станува збор за исхраната, пред проблемот да ескалира. На прв поглед, подебелото куче изгледа слатко со неколку (или повеќе) непланирани килограми, но тоа носи сериозни ризици – од оптоварување на срцето, а потоа и срцеви болести, проблеми со белите дробови и зглобовите, се зголемува ризикот од дијабетес и хронични болести, кучето има помалку енергија и пократок и потежок живот.
Затоа секој сопственик на куче треба да ги следи трите практични совети за неговото милениче да биде во форма, здраво и среќно.
1. Кучето мора да биде активно, најдобро преку игра. Вашето милениче не мора напорно да вежба, доволни му се секојдневни прошетки, игра со топка, игри со фаќање и забава дома.
2. Исхраната на кучето мора да биде избалансирана и без претерано внесување грицки. Две или три мали грицки неколкупати во денот брзо ќе се залепат за стомакот на миленичето и ќе станат вишок килограми. Затоа, наместо грицки од продавниците за миленици, кои се полни со непотребни калории, понудете му на кучето овошје или зеленчук.
3. Редовно проверувајте ја тежината на вашето куче. За да знаете дали вашето куче има прекумерна тежина, разговарајте со ветеринар, кој врз основа на расата, здравствената состојба и увидот во исхраната на миленикот, ќе ја одреди неговата идеална тежина.