Постојат прашања и дилеми што е подобро да ги решите сами наместо да ги прашувате гласовните дигитални асистенти, како што се Гугл асистент, Алекса и Сири. На пример, подобро е да не барате медицински совет од дигиталните асистенти затоа што тоа може само да ги влоши работите. Секогаш е најдобро да се јавите или да закажете посета на доктор.
Не прашувајте го вашиот паметен асистент како да повредите некого. Таквите прашања до Гугл асистент, Алекса или до Сири може да ви се вратат како бумеранг ако завршите на погрешната страна на законот. Подобро чувајте ги за себе таквите теми и размислувања. Не прашувајте ја Алекса каде да купите недозволени супстанции или нешто друго сомнително, дури и само од љубопитство, бидејќи тоа може да заврши на вашата датотека. Ваквите прашања може да се искористат против вас.
Не поставувајте прашања поврзани со дигиталното банкарство. Иако гласовните асистенти можат да се поврзат со вашите финансиски апликации, може да се појават многу безбедносни проблеми. Сајбер-криминалците можат да ви го хакираат телефонот, да ви го украдат гласот и да ги испразнат вашите банкарски сметки. Рачно најавете се на веб-страницата на вашата банка или на мобилната апликација наместо да му ја делегирате задачата на дигитален асистент.
Не барајте од Алекса или од Сири да ја исчистат вашата историја на пребарување, да избришат некоја апликација или да отстранат некои од вашите фотографии. Едноставно недоразбирање може да доведе до несакано бришење наместо да потрошите неколку минути за сето тоа да го направите рачно, пишува „Фокс њуз“.