Американската компанија „Селестис“, позната по лансирањето меморијални вселенски летови, сега планира да ги испрати посмртните останки од четворица поранешни американски претседатели во вселената, а мисијата ќе биде извршена оваа година.
Колку и да звучи чудно, „Селестис“ не е нова компанија што се обидува да привлече внимание. Компанијата постои повеќе од две децении, па дури беше ангажирана од американската вселенска агенција НАСА во нејзино име да му оддаде чест на еден научник. Овој пат, мисијата на компанијата ќе достигне до длабоката вселена, подалеку од вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“.
Летот, наречен Ентерпрајс, ќе ги носи посмртните останки на претседателите, чија капсула ќе оди подалеку од системот Земја – Месечина и ќе им се придружи на другите планети, месечини, астероиди и комети на своето „бесконечно патување низ космосот“.
Мисијата ќе ја користи ракетата „Вулкан Кентаур“ на компанијата „Јунајтет лаунч алајенс“, која ќе биде лансирана од Кејп Канаверал оваа година. Во вселената ќе бидат испратени посмртните останки на поранешните претседатели Џорџ Вашингтон, Роналд Реган, Џон Ф. Кенеди и Двајт Ајзенхауер.
Меѓутоа,тоа не е се, бидејќи во вселената ќе бидат испратени и посмртните останки на Џин Роденбери, неговата сопруга Маџел Барет Роденбери, синот Јуџин и некои членови на актерската екипа на франшизата „Ѕвездени патеки“.
Колку сето ова има смисла многумина се прашуваат, меѓутоа на веб-страницата на компанијата се споменува ДНК и нејзиното зачувување илјадници години без ризик од деградација. ДНК може да се користи како космичка временска капсула што овозможува учење за минатото.
Во „Селестис“ се надеваат дека технологијата што ќе им биде достапна на следните генерации ќе овозможи не само читање на ДНК туку и ќе обезбеди информации за човештвото и личностите на кои им припаѓа.