Француската фирма за развој на вештачка интелигенција „Мистрал“ претстави два модела на расудување на „Магистрал“, приклучувајќи се кон глобалната конкуренција со компании како „Опен АИ“ и „Гугл“.
„Магистрал“ доаѓа во две варијанти: „Магистрал смарт“ со 24 милијарди параметри, кој е достапен за преземање на платформата „Хагинг фејс“, и помоќниот „Магистрал медиум“, кој моментално е достапен во прелиминарна верзија на четботот на „Мистрал“ – „Ле чет“.
Моделите се обучени да решаваат проблеми чекор по чекор, со фокус на области како што се математика, физика и логичко расудување.
– „Магистрал“ е приспособен за голем број деловни апликации, од структурирани пресметки и логика на програми, до донесување одлуки преку правила и одлуки – се наведува во официјалното соопштение.
Тестовите објавени од самиот „Мистрал“ покажуваат дека „Магистрал медиум“ заостанува зад новите модели од „Гугл“ и „Антропик“, особено во тестовите во областите на науката, математиката и програмирањето. Сепак, компанијата истакнува дека „Магистрал“ наводно дава одговори десет пати побрзо од конкурентите на платформата „Ле чет“, со поддршка за широк спектар на јазици, вклучувајќи италијански, арапски, руски и поедноставен кинески.