Фото: Пиксабеј

Дванаесеттото издание на скопскиот пивски фестивал „Пиволенд“ ќе се одржи на 21, 22 и 23 септември на паркингот пред спортската сала „Борис Трајковски“.

Како што известуваат од организацијата на фестивалот, најголемиот гурмански викенд со пиво во Скопје, како и претходните изданија ќе понуди широка палета на домашни и странски брендови на индустриски пива, како и многу различни домашни занаетчиски (крафт) пивски брендови, кои посетителите ќе можат да ги дегустираат заедно со вкусна храна и богата музичка програма.

На трите фестивалски дена музичката програма ќе започнува во 18 часот и ќе трае до раните утрински часови.