Терапевтите наведуваат што сака да слушне секое возрасно дете од своите родители и зошто тие зборови се толку важни. Како што растеме, односот што го имаме со нашите родители се менува – понекогаш на подобро, понекогаш на полошо. Но негувањето здрава динамика на комуникацијата бара јасна комуникација, почит и емпатија.
Недра Гловер Таваб, авторка на „Постави граници, најди мир“, сподели објава со наслов „Нешта што возрасните деца сакаат да ги слушнат“, во која се наведени неколку едноставни, но моќни фрази што родителите можат да им ги кажат на своите возрасни деца. Недра и другите терапевти ги коментираа изјавите за кои веруваат дека возрасните деца најмногу би сакале да ги слушнат од нивните родители и објаснија зошто овие зборови можат да значат толку многу.
Прости ми: Ова е зборот што возрасните деца сакаат да го слушнат повеќе од што било друго. Новите генерации повеќе размислуваат за воспитување, почнаа целосно да разбираат како изборот на нивните родители влијаел на нив, особено на нивното ментално здравје. Признавањето и извинувањето може да бидат огромна победа за возрасните деца што сакаат да ги скршат негативните семејни кругови. Ако на извинувањето се додаде и како можеме да го решиме ова, се добива уште поголемо значење. Иако оваа изјава не е изговор за лошо родителство или лошо однесување, таа открива дека родителот не може да контролира сè. За возрасните деца тоа значи да ја слушнат вистината за тоа што се случило во одреден период од животот.
Се гордеам со тебе: Без разлика на возраста, децата сакаат да знаат дека нивните родители се горди на тоа што станале и што постигнале. Многу родители ги воспитуваат своите деца да „бидат подобри, а потоа се стремат да создадат повеќе од она што нивните родители би можеле да им го обезбедат“, вели Карабало, истакнувајќи дека иако овој став може да ја развие самодовербата кај децата, тој создава и одредено количество притисок за тоа колку се всушност добри.
Твојот животен пат е различен од мојот, но јас те поддржувам: Можеби им изгледа попознато, конвенционално или стабилно, но дури и ако децата не го изберат истиот пат како нивните родители, тие можат да бидат задоволни и среќни. И важно е да ја почитувате и поддржувате таа одлука.
Сакаш совет или јас да те слушам?: Кога возрасно дете се соочува со предизвик, понекогаш само треба да најде решение. Директното прашање дали сакаат совет или само да ги слушаат покажува дека верувате дека тие се способни да се справат со проблемот“.
Сè уште сум тука за тебе: Има нешто убаво и утешно знаејќи дека, дури и во зрелоста, родителот е рамо за плачење. Работата на родителите не е завршена кога децата ќе пораснат. Врската едноставно се менува.