Манастирот можел да се пофали со богата библиотека, собрана со помош на браќата Киревски, и двајцата закопани во манастирските ѕидишта. Филозофот Константин Леонтјев живеел во манастирот четири години. Се верува дека локалниот старец Свети Амвросиј бил прототип за отец Зосима во романот „Браќа Карамазови“ на Достоевски

„Оптина Пустин“ e православен машки манастир во близината на Козелск, Русија. Во 19 век, манастирот бил духовен центар на Руската православна црква и служел како пример за неколку други руски манастири, вклучувајќи го и блискиот манастир Шамордино. Бил особено познат како центар на руското православно старешинство. Не е јасно кога е основан манастирот, а повеќето од манастирските објекти биле изградени на преминот на 18 и 19 век, кога манастирот се обновувал како центар на руските старешини. Како христијански центар привлекол многу верници, а меѓу нив биле Фјодор Достоевски, Василиј Жуковски, Николај Гогољ, Иван Тургењев и Василиј Розанов. Манастирот бил посетен и од Лав Толстој, иако не го одобрувал старешинството.

Манастирот можел да се пофали со богата библиотека, собрана со помош на браќата Киревски, и двајцата закопани во манастирските ѕидишта. Филозофот Константин Леонтјев живеел во манастирот четири години. Се верува дека локалниот старец Свети Амвросиј бил прототип за отец Зосима во романот „Браќа Карамазови“ на Достоевски.
По Руската револуција, монасите било насилно депортирани, манастирот бил прогласен за гулаг, а последниот егумен бил погубен во 1938 година. Подоцна, некои од градбите биле урнати, додека катедралата била прогласена за литературен музеј. Во 1939-1940 година имало камп за офицери на полската армија – воени затвореници. Повеќето од нив биле убиени од НКВД во масакрот во Катин.

Во 1987 година, со почетокот на Перестројката, „Оптина Пустин“ била една од првите опатии што ѝ биле вратени на Руската православна црква. Старешините од „Оптина Пустин“ биле во центарот на моќно движење за обнова што се проширило низ црквата во Русија, почнувајќи од почетокот на 19 век, продолжувајќи сѐ до атеистичките прогони во 20 век. Оптинските старешини биле духовни учители, кои станале познати низ православниот свет по својата светост и духовни дарови.


Манастирскиот старешина е инспирација за верниците

Во православниот манастир старешината е почитуван како советник и учител. Се верува дека преку аскетски подвиг, молитва и исихазам, Светиот Дух му дава посебни дарови на старецот, вклучувајќи и способност да исцелува, да пророкува и, што е најважно, да дава ефективно духовно водство. На старешините се гледа како на инспирација за верниците и пример на света доблест, цврста вера и духовен мир. Старешините не се назначени од ниту една власт, тие едноставно се препознаени од верниците како луѓе „од Духот“. Еден старешина, кога не е во молитва или доброволно изолирање, прима посетители (некои што патуваат многу далеку) и поминува време во разговор со нив, принесувајќи благослов (ако старешината е ракоположен свештеник) и исповед и молејќи се. Луѓето често го молат старецот за посреднички молитви, верувајќи дека молитвата на старешина е особено делотворна.
Д.Ст.