Фото: Пиксабеј

Една нова студија покажува дека кога мажјаците развиваат сложено оружје, како што се рогови или заби, женките од истиот вид развиваат поголем мозок од очекуваното.
Доволно е да се каже дека луѓето уште од античко време биле фасцинирани од животни со големи рогови или заби. Некои од најстарите уметнички дела пронајдени некогаш прикажуваат древни рогови од воден бивол и заби од дива свиња, некои врежани во ѕидовите на пештерите што датираат од 44.000 до 45.500 години.
Сепак, нашата опсесија со величественоста на роговите и забите можеби не спречува да видиме што се случува кај спротивниот пол. Всушност, една студија објавена во списанието „Бехејвиорал еколоџи енд социобиолоџи“ ги дава првите докази дека додека машките цицачи развиваат сила и поголеми оружја за борба, женките од овој вид развиваат поголем мозок од очекуваното.

За да соберат податоци за тоа како овие особини се поврзани едни со други, Станкович, Лопез и коавторот Џонатан Мур Тупас посетија седум музеи за да ги измерат черепите, обемот на мозокот и големината на оружјето на 413 примероци од 29 вида копитари. Ова вклучуваше сè, од елени, ирваси и лосови до кози, овци и антилопи.

– Она што мислиме дека се случува е дека мажјаците вложуваат повеќе во своето оружје бидејќи тоа е важен сигнал за женките. Можеби на женките им треба поголем мозок за да сфатат со кого треба да се парат и како да се движат во нивниот социјален систем – вели Станкович.
Лопез истакнува дека голем дел од научната литература е фокусирана на битките меѓу мажјаците за да се разбере сексуалната селекција што се случува кај овие видови. На крајот на краиштата, одамна преовладува приказната дека најголемите и најтешко вооружени мажјаци ги добиваат женките.
– Но можеби тоа не се разгледува правилно, бидејќи можеби женките имаат некаква одлука за тоа со кого ќе се парат – вели Лопез, пренесува „Нешнл џиографик“.