Фото: Адам Куерден

Ловечки Кучиња се граничи со Големата Мечка на север и запад, со Берненикина Коса на југ и со Воловар на исток. Големата празнина е празнина во близината на ова соѕвездие. Можно е да станува збор за најголемата празнина што некогаш е откриена, со споредлива големина на празнината во Еридан

Занимливости

Ловечки Кучиња е мало северно соѕвездие, кое било осмислено од Јан Хевелиј во 17 век. Името има латинско потекло и соѕвездието честопати е прикажано како Воловар од соседното соѕвездие ги држи кучињата. Во класичниот период, од страна на Птоломеј биле придодадени на соѕвездието Голема Мечка во неговиот ѕвезден каталог. Во средниот век, изедначувањето на овие ѕвезди со кучињата на Воловар било поради грешка во преводот. Некои од ѕвездите во Воловар обичајно се опишувале како палка што ја држи Воловар.
Кога делото на грчкиот астроном Птоломеј Алмагест било преведено од грчки на арапски јазик, преведувачот Јоханитиј не го знаел значењето на грчкиот збор и го заменил со најблискиот арапски збор, запишувајќи „al-`aşā dhāt al-kullāb“, што значи „навртката на копјето има кука“. Кога арапскиот текст бил преведен на латински, преведувачот Герард Кремонски го погрешил арапскиот збор kilāb (множина kalb), што значи „кучиња“, запишувајќи hastile habens canes. Во 1533 година, германскиот астроном Питер Апијан го опишал Воловар како да држи две кучиња со него.
Овие лажни кучиња кружеле во астрономската литература сѐ до оној момент кога Хевелиј одлучил да го одреди нивното присуство на небото, прикажувајќи ги како посебно соѕвездие во 1867 година. Хевелиј го избрал името Астерион („мала ѕвезда“, како деминутив од „ѕвезда“, или придавка што означува „ѕвездено“) за северното куче и Чара (што значи „радост“) за јужното куче познато како Ловечки Кучиња, во неговиот ѕвезден атлас. Во неговиот ѕвезден каталог, чешкиот астроном Бечвар го придодал Астерион ма β CVn и Чара на α CVn.
Ловечки Кучиња се граничи со Големата Мечка на север и запад, со Берненикина Коса на југ и со Воловар на исток. Кратенката за соѕвездието од три букви е ‘CVn’ како што била прифатена од Меѓународниот астрономски сојуз во 1922 година. Официјалните граници на соѕвездието се поставени во 1930 година од страна на Ежен Делпорт и претставуваат многуаголник со 14 страни. Во екваторскиот координантен систем, координатите на ректасцензијата на овие граници е меѓу 12ч 06.2м и 14ч 07.3м, додека, пак, координатите на деклинацијата се меѓу +27.84° и +52.36°. Зафаќајќи површина од 465 квадратни степени, соѕвездието е на 38. место по големина меѓу 88-те соѕвездија.

Соѕвездието Ловечки Кучиња не содржи сјајни ѕвезди, α и β CVn се единствените ѕвезди со светлинска величина 3 и 4. Фламстид каталогизирал 25 ѕвезди во соѕвездието, означувајќи ги од 1 до 25 CVn, но подоцна се увидело дека 1 припаѓа на Голема Мечка, 13 била во Береникина Коса и 22 не постоела.
Впрочем, α CVn (Карлово Срце) е најсјајната ѕвезда во соѕвездието, именувана од Чарлс Скарборо во чест на Кралот Чарлс Први, симнатиот крал на Британија. Карлово Срце е широка двојна ѕвезда, со првична ѕвезда со светлинска величина од 2,9, а втората е со светлинска величина 5,6, на растојание од 110 сг. од Земјата. Првичната ѕвезда исто така има неверојатно силно магнетно поле. Додека β CVn (Чара) е жолта ѕвезда на главната низа со светлинска величина 4,2, на 27 сг од Земјата. Името потекнува од зборот што означува „радост“.
Y CVn (Ла Суперба) е полупроменлива ѕвезда што има променлива светлинска величина меѓу 5 и 6,5 во период од околу 158 дена. Станува збор за јаглеродна ѕвезда, која е позната по својата длабоко црвена боја. AM CVn, мошне сина ѕвезда со светлинска величина 14, е прототип за специјална класа на ѕвезди наречени катаклизмични променливи ѕвезди, во кој придружната ѕвезда е бело џуџе, наместо ѕвезда од главната низа. RS CVn е прототип за специјална класа на променливи ѕвезди со хромосферно активни и оптички променливи делови.
Големата празнина е празнина во близината на ова соѕвездие. Можно е да станува збор за најголемата празнина што некогаш е откриена, со споредлива големина на празнината во Еридан. Откриена е во 1983 година.


Далечни објекти

Во соѕвездието Ловечки Кучиња постојат пет Месјеови објекти, вклучувајќи и четири галаксии. Една од најзначајните галаксии во Ловечки Кучиња е галаксијата Вител (M51, NGC 5194) и NGC 5195, мала пречкеста спирална галаксија што се гледа во чело. Ова е првата галаксија што била категоризирана како галаксија што поседува спирални краци, од страна на Лордот Рос во 1845 година. Станува збор за челна спирална галаксија на растојание од 37 милиони сг. од Земјата. И се смета за една од најубаво видливите галаксии, M51 многу области во кои се создаваат ѕвезди, а поседува и доста маглини во краците, кои се обоени со розово и сино и се во спротивност со жолтеникавото јадро. M51 има и помал придружник, NGC 5195, која има помалку области во кои се создаваат ѕвезди и поради тоа е изразито жолтеникава. Поминува зад M51 и е една од причините за поголемото ѕвездено создавање во М51.
Друга значајна галаксија во соѕвездието е галаксијата Сончоглед (M63, NGC 5055), M94 и M106. M63, или галаксијата Сончоглед е именувана според изгледот што го има во аматерските телескопи. Станува збор за спирална галаксија со светлинска величина 9. M94 е мала челно свртена спирална галаксија со светлинска величина 8, и на 15 милиони сг. од Земјата. NGC 4631 пречкеста спирална галаксија е една од најголемите и најсјајни странични галаксии. M3 е збиено јато на растојание од 32.000 сг. од Земјата. Со пречник од 18 лачни минути и светлинска величина од 6,3 доволно е светло за да може да се види со двоглед. Може да се види и со голо око при особено темни ноќи. M94, или NGC 4736, е челна спирална галаксија на растојание од 15 милиони сг. од Земјата. Станува збор за многу теснокрака спирална галаксија со изразито сјајно јадро. Надворешноста на галаксијата е неверојатно светла во ултравиолетова светлина поради прстенот во кој се создаваат нови ѕвезди околу јадрото и е со пречник од 7.000 сг. Иако астрономите не се сигурни за причината за појавата на прстенот, постојат замисли дека тоа се должи на ударните бранови предизвикани од пречката, која е речиси невидлива.