Заради најавата за невреме и исклучително лоши временски услови на територијата на Скопје во сабота, 11 јуни 2022 година, закажаниот концерт под отворено небо на групата „Меморија“, од стадионот на АРМ во Градскиот парк, се префрла во спортската сала А1 Арена – „Борис Трајковски“.

Купените партер-влезници важат, фан пит влезниците исто така, додека со веќе купените влезници за седење на трибината на стадионот на АРМ по цена 1.200 денари, сега во салата ќе може да влезат две лица со една влезница.

Од овој момент натаму остануваат уште 2.500 слободни места за седење, за сите оние не набавиле влезница, а нивната цена изнесува 700 денари.

Продажните места се: Југотон и www.kupikartizase.com.