Јужна Кореја соопшти дека има намера да ја лансира својата 6Г-мрежа со користење врвна технологија, напредни мобилни мрежи базирани на софтвер од следната генерација и зајакнување на мрежите на синџирот на снабдување. Оваа вест ја објави корејското министерство за наука, информатичка и комуникациска технологија.
Јужнокорејската влада ќе ги охрабри локалните компании да произведуваат материјали, компоненти и опрема за развој на мрежата 6Г, а исто така планира да го зајакне синџирот на снабдување за поддршка на споменатата мрежа. Студијата за изводливост што ја истражува 6Г-технологијата веќе е во тек, а целиот проект вреди нешто повеќе од 482 милиони долари.
Со оваа иницијатива, Јужна Кореја сака да биде пред остатокот од светот кога станува збор за 6Г-технологијата. Јужна Кореја ја има четвртата најголема економија во Азија и поседува 25,9 отсто од патентите за 5Г од 2022 година, а Кина 26,8 отсто. Јужнокорејската влада се надева дека ќе помине 30 отсто или повеќе од патентите за 6Г.
– Мрежата 6Г ќе го обедини она што е виртуелно со реалноста – тврди Џанг Јонгтао, заменик-генерален директор на одделот за технологија на „Ериксон Кина“.
Тој вели дека мрежата 6Г ќе ја однесе холографската комуникација од научна фантастика во реалност.