Ентони Квин: две победи
(четири номинации за „оскар“)
Ентони Квин беше успешен и омилен мексиканско-американски глумец, сликар, книжевник и филмски режисер. За својата дарба тој доби четири номинации за „оскар“. Двапати е номиниран за главен глумец, во „Див ветер“ (1957 г.) и „Гркот Зорба“ (1964 г.), но не победи. „Оскарот“ се најде во неговите раце двапати, кога беше награден за најдобар спореден актер, во „Да живее Запата“ (1952 г.), кога конкурент му беше Марлон Брандо, и во „Желба за живот“ (1956 г.), кога негов ривал беше Кирк Даглас.
Гари Купер: две победи (пет номинации)
Гари Купер беше препознатлив по својот автентичен и реалистичен стил на глума. Активен беше од 1920 до 1960-тите години, а во текот на кариерата доби пет номинации за „оскар“ за својата глума. Сите беа за најдобар глумец, а златната статуетка ја освои двапати: во епската воена романса „Наредникот Јорк“ (1941 г.) и во вестернот „Точно напладне “ (1952 г.). Исто така беше номиниран за „Господин Дидс оди во град“ (1936 г.), адаптацијата на романот на Ернест Хемингвеј „За кого бијат камбаните“ (1943 г.) и за „Гордоста на Јенките“ (1942 г.).
Џин Хекман: две победи (пет номинации)
Џин Хекман имаше филмска кариера што траеше со децении, а за својата работа доби неколку „оскари“ за врвни улоги, пред да одлучи да се повлече. Номиниран е петпати за најдобар глумец и за најдобар спореден глумец, а освои по една статуетка и во двете категории. Доби „оскар“ во „Гори Мисисипи“ (1988 г.) и за улогата во „Француска врска“ (1971 г.). Хекман е номиниран за спореден актер во „Бони и Клајд“ (1967 г.) и „Никогаш не сум пеела за својот татко“ (1970 г.), а победи добивајќи „оскар“ за споредна улога во „Непростено“, на Клинт Иствуд, во 1992 година.
Фредерик Мерч: две победи (пет номинации)
Фредерик Мерч е уште еден глумец што има пет номинации за „оскар“, сите во категоријата најдобар глумец. Две статуетки доби кога беше на врвот на кариерата, од 1930-тите до 1950-тите. Победи за главна улога во воената драма „Најдобрите години на нашиот живот“ (1946 г.) и за неговиот ангажман во „Д-р Џекил и господин Хајд“ (1931 г.). Исто така беше номиниран за најдобар глумец во „Смртта на продавачот“ (1951 г.), „Ѕвездата е родена“ (1937 г.) и „Кралското семејство од Бродвеј“ (1930 г.).
Шон Пен: две победи (пет номинации)
Глумејќи до 1970-тите, Шон Пен освоил два „оскари“, првиот за мистериозната драма „Реката Мистик“ (2003 г.), а вториот за биографскиот „Млеко“ (2008 г.). Номиниран е пет пати: за „Мртвиот човек чекори“, „Слатко“ и „Смалување“ во 1999 г. и „Јас сум сам“ (2001 г.). Пен се прослави во филмот од 1980-тите – „Брзи времиња на Риџмонт Хај“, а почнаа да го сметаат за сериозен глумец по улогите во филмовите „Од непосредна близина“, „Состојба на милост“ и „Патот на Карлито“.
Том Хенкс: две победи (шест номинации)
Том Хенкс освои „оскар“ за улогата во „Филаделфија“ (1993 г.) и „Форест Гамп“ (1994 г.), а првпат беше номиниран за комедијата „Големиот“. Оттогаш е номиниран уште трипати, вклучувајќи ги и филмовите „Спасувајќи го војникот Рајан“ (1998 г.) и „Отфрлено“ (2000 г.) и најновиот филм „Убав ден во соседството“ (2019 г.).
Освен врвната репутација во Холивуд, главните улоги не го забавија патот на Хенкс, кој глумеше во многу хит-филмови, како: „Ненаспани во Сиетл“ и „Капетан Филипс“, а му го позајми и гласот на Вуди во „Приказна за играчките“.
Мајкл Кејн: две победи (шест номинации)
Уште еден двократен победник. Кејн доби „оскар“ за „Хана и нејзините сестри“ (1986 г.) и за „Животот нема правила“ од 1999 г. Другите четири номинации му се за „Алфи“ (1966 г.), „Детектив“ (1972 г.), „Образованието на Рита“ (1983 г.) и „Тивкиот Американец“ (2002 г.). Кејн се смета за британска филмска икона, а уважениот глумец е вклучен меѓу 20-те филмски ѕвезди со најголема заработка на благајните. Негова најнова улога е во „Начело“ од 2020 г.
Дастин Хофман: две победи (седум номинации)
Иако само двапати добил „оскар“,за „Крамер против Крамер“ (1979 г.) и за „Дождовен човек“ (1988 г.), Дастин Хофман бил номиниран дури седум пати. Биле забележани неговите улоги во „Матурант“ (1967 г.), „Полноќен каубој“ (1969 г.), „Лени“ (1974 г.), „Тутси“ (1982 г.) и „Мавнете му на кучето“ (1997 г.). Младите генерации го познаваат Хофман преку улогата во „Запознајте го семејството Фокер“ (2004 г.) и „Малиот Фокер“ (2010 г.), како и за позајмувањето на својот глас во анимираните филмови за „Кунгфу Панда“.
Роберт де Ниро: две победи (седум номинации)
Еден од најценетите глумци на денешнината, Роберт де Ниро исто така е член на клубот на двократни и трикратни добитници за „оскар“. Неговата прва победа беше за улогата во „Кум 2“ (1974 г.) и за „Разјарениот бик“ (1980 г.),а преостанатите пет номинации се за „Таксист“ (1976 г.), „Ловци на елени“ (1978 г.), „Будење“ (1990 г.), „’Ртот на стравот“ (1991 г.), „Прирачник за сребрени облози“ (2012 г.) и „Ирец“ (2019 г.). Де Ниро е чест соработник на Мартин Скорсезе. Тој неодамна се појави и во „Џокер“ од 2019 г., филм што доби 11 номинации.
Дензел Вашингтон: две победи (осум номинации)
Тој е единствен Црнец на овој список. Вашингтон има две победи и импресивни осум номинации. Неговата прва победа е за улогата во филмот „Слава“ (1989 г.), како и во „Ден за тренинг“ (2001 г.). Номиниран е за: „Плачи слободо“ (1987 г.), „Малколм Икс“ (1992 г.), „Ураган“ (1999 г.), „Лет“ (2012 г.), „Огради“ (2016 г.) и „Роман Џи. Израел, Еск“ (2017 г.). Важи за една од најисплатливите холивудски филмски ѕвезди, а глумел и во многу хитови. Во последно време се занимава и со режија.
Џек Лемон: две победи (осум номинации)
Шесте номинации на Џек Лемон се за филмовите: „Некои тоа го сакаат жешко “ (1959 г.), „Стан“ (1960 г.), „Денови на вино и ружи“ (1962 г.), „Кинески синдром“ (1979 г.), „Данок“ (1980 г.) и „Недостасуваш“ (1982 г.). Неговите две победи се за „Господине Робертс“ (1955 г.) и „Спаси го тигарот“ (1973 г.). За жал, Лемон почина во 2001-та, на 76 години. Сепак, се појави во многу филмови што не го добија посакуваното признание од Академијата, но станаа огромни хитови, како „ЏФК“ (1991 г.), „Гленгери Глен Рос“ (1992 г.) и „Мрзоволните старци“ (1993 г.).
Марлон Брандо: две победи (осум номинации)
Во текот на својата долга кариера, Марлон Брандо собра неколку „оскари“ и вкупно осум номинации. Номиниран е во следните филмови: „Трамвајот наречен желба“ (1951 г.), „Да живее Запата“ (1952 г.), „Јулиј Цезар“ (1953 г.), „Сајонара“ (1957 г.), „Последното танго во Париз (1972 г.) и „Сува бела сезона“ (1989 г.). Победа му донесе култната улога на дон Вито Корлеоне во „Кум 1“ (1972 г.), а претходно, во 1954 година, златна статуетка доби за „Шеталиште“. Марлон Брандо беше еден од најталентираните и најплодни глумци на 20 век. Почина во 2004 год., на 80 години.
Спенсер Трејси: две победи (девет номинации)
Трејси доби два „оскара“ за „Капетане храбро“ (1937 г.) и „Град на момчиња“ (1938 г.),а низата од девет номинации за највисоката филмска награда ја предводи „Сан Франциско“ (1936 г.), „Таткото на невестата“ (1950 г.), „Лош ден на Блек Рок“ (1955 г.), Старецот и морето“ (1958 г.), „Наследство во ветер“ (1960 г.), „Пресуда во Нирнберг“ (1961 г.) и „Погодете кој доаѓа на вечера“ (1967 г.).Тој последниот „оскар“ го добил постхумно.
Валтер Бренан: три победи (четири номинации)
Иако Валтер Бренан нема толку номинации како претходните глумци, тој освоил 75 проценти „оскари“ за кои бил номиниран. Неговите „златни“ филмови се: „Дојди и земи“ (1936 г.), „Кентаки“ (1938 г.) и „Западњак“ (1940 г.). Само еднаш загубил, кога бил номиниран за „Наредникот Јорк“ (1941 г.). Бренан почина во 1974 г., на 80 години, и до денес е единствен глумец што добил „оскар“ во три примероци.
Даниел Деј Луис: три победи (шест номинации)
Тој е еден од ретките што дома однеле три златни статуетки во различни периоди од кариерата. Првата ја добил за „Моето лево стапало: Приказна за Крис Браун“ (1989 г.). Дури по две децении повторно победи со филмот „23 – Ќе има крв“ (2007 г.). Последниот пат доби „оскар“ за филмот „Линколн“ (2012 г.), каде што го глумеше бившиот американски претседател. Другите номинации му се за: „Во име на таткото“ (1993 г.), „Бандите од Њујорк“ (2002 г.) и „Фантомска нишка“ (2017 г.). Славниот глумец по овој филм се повлече од јавноста.
Џек Николсон: три победи (12 номинации)
Џек Николсон ги одушевуваше љубителите на подвижните слики со своите улоги. Освен три „оскари“, тој има дури 12 номинации, со што е прв на оваа листа на оскаровци. Неговиот подем почнува со номинацијата за филмот „Голи во седло“ (1969 г.), а потоа и за: „Пет лесни парчиња“ (1970 г.), „Последниот детаљ“ (1973 г.), „Кинеска четврт“ (1974 г.), „Црвени“, „Честа на Принсиеви“ (1985 г.), „Железна трева“ (1987 г.), „Неколку добри луѓе“ (1992 г.) и „За Шмит“ (2002 г.). „Оскар“ доби во три децении, покажувајќи колку е огромна неговата актерска дарба. Првпат беше награден за „Летот над кукавичиното гнездо“ (1975 г.), вториот за „Услови за љубезност“ (1983 г.), а третиот за „Подобро не може“ (1997 г.). Иако некои глумци потенцијално би можеле да го престигнат според наградите, тешко дека уште некој ќе добие толку номинации како големата холивудска легенда.