Шарлот Робертс е осумнаесетгодишна Британка, која веќе неколку години се занимава со шминкање. Нејзината способност да се преобрази во ликови од филмовите воодушеви многумина. Таа често соработува со својата сестра Аби, која ја поттикнала да започне со овој бизнис.
– Аби почна да се шминка пред мене, па сакав да ја гледам како го прави тоа. Потоа, секој ден гледав упатства на Јутјуб, кои ми помагаа да се усовршам – вели Шарлот.
Повеќето луѓе се изненадени кога сфаќаат колку шминката навистина може да го трансформира лицето. Таа наведува и дека реакциите не се секогаш позитивни.
– Понекогаш објавувам фотографија на која изгледам премногу морничаво, па некои следбеници знаат да ме критикуваат – признала таа.
Сепак, таа не дозволува критиките премногу да влијаат на нејзината работа. Исто така сака да се „преобразува“ во познати личности, како што се Дејвид Боуви, Лејди Гага итн.
– Јас ѝ давам совет секогаш кога можам. Знам колку социјалните мрежи можат да бидат опасни ако влезете во тој свет премногу млад. Затоа се обидувам да ѝ помогнам на Шарлот да научи од моите грешки – вели Аби.