Секој човек е единствена индивидуа, една од седум милијарди, а посебните карактеристики не можат да се „прочитаат“ само преку отпечатокот од прст. Постојат и други делови од телото што се единствен потпис на секој човек.
Око: Очите се прозорец кон душата и вашиот идентитет. Мускулот што ја отвора и затвора зеницата за да контролира колку светлина влегува во окото има мала текстура. ДНК ги одредува бојата и структурата, но нејзините случајни дупчиња, бразди, витли и пукнатини се појавуваат за време на развојот на фетусот, што ја прави секоја зеница уникатна, дури и кај истиот човек тие не се совпаѓаат.
Уши: Ушите на сите луѓе се различни. Во една британска студија, истражувачите развија алгоритам што може да идентификува едно лице од повеќе од 250 други со стапка на точност од 99,6 проценти, анализирајќи како се одбива светлината од кривините на ушите.
Отпечаток од усните: Моделите на издигнувања и вдлабнатини на усните се уникатни за секој човек како отпечатоците од прстите.
Јазик: Како отпечатокот од прст, јазикот има своја форма и текстура, а неговите ситни рецки и бразди се уникатно распоредени.
Заби: Забите не само што ја откриваат вашата ДНК, поради што стоматолошките записи често се користат за да се идентификува телото, туку се специфични за вас врз основа на вашите лични навики. Дури и идентичните близнаци имаат различни заби.