Во месноста Прцорек образованието се одвивало уште од 18 век, водено од калуѓер и калуѓерка. Според тврдењето на градските историчари, во 1857 година оваа црква станала првото училиште во земјата во кое се учеле македонскиот јазик и писмо. Тука предавал преродбеникот Јордан Хаџи Константинов-Џинот и оваа скромна установа се смета за плод на негов напор. Наставата се одвивала на два ката — на приземјето биле машките, а на горниот дел биле женските ученици. Тука се одржувале претставите на неговите драмски дела

„Св. Ѓорѓи“ е христијанска црква (или параклис) во градот Велес. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ-ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија поради нејзиното значење за народната македонска преродба.
Црквата се наоѓа на ул. Богдан Каракостев бр. 17 во населбата Прцорек, на североисточната страна на Велес. По надворешниот изглед не се разликува од куќите околу неа, но внатре е нормална црква со олтар, иконостас и повеќе икони. Нема точни податоци за времето на нејзината изградба. Според едни извори таа е изградена во 1740 година, а според други во 1766 година. Вториот податок е земен од годината на една икона во црквата „Св. Богородица“ за која се смета дека е најстара икона во Велес.
Во месноста Прцорек образованието се одвивало уште од 18 век, водено од калуѓер и калуѓерка.С тврдењето на градските историчари, во 1857 година оваа црква станала првото училиште во земјата во кое се учеле македонскиот јазик и писмо. Тука предавал преродбеникот Јордан Хаџи Константинов-Џинот и оваа скромна установа се смета за плод на негов напор. Наставата се одвивала на два ката – на приземјето биле машките, а на горниот дел биле женските ученици. Тука се одржувале претставите на неговите драмски дела.
Тогашните македонски просветители се соочувале со значителни тешкотии бидејќи наставата на македонски и поддршката за македонска национална свест биле забранувани и напаѓани од грчката, турската и бугарската интелигенција, која имала цел да го претопи македонското население.
До 1905 година црквата била имот на Рилскиот манастир, по што била запоставена. Храмот се отвора за јавноста двапати во годината: за Ѓурѓовден напролет и за Свети Ѓорѓија наесен. Д.Ст.

 


Јордан Хаџи Константинов – Џинот

Јордан Хаџи Константинов-Џинот

Јордан Хаџи Константинов-Џинот е македонски преродбеник (еден од зачетниците на просветителството во Македонија), роден кон крајот на 1821 или на почетокот на 1822 година, во Велес, во Прцорек (познато велешко маало), на левата страна на Вардар.
Џинот четири децении работел на воведување просвета на народен јазик како писател и сестран творец од областа на културата. Прво дело му е „Таблица перваја“, внесена во употреба во 1845 година, кое служело како учебно помагало при основното описменување на учениците. Составил две збирки на афоризми. Во првата збирка сите афоризми почнуваат со зборот „човек“, а втората содржи 34 мисли за човекот, животот и светот. Џинот две децении пишувал стихови за одредени поводи и потреби. Во нив ги воспевал образованието, просветата, убавината, слободата, патриотските чувства и сопствената биографија. Негови дела се: „Плач на скопското училиште многотрудное“ (објавена во „Цариградски весник“ во 1851 година), во која се зборува за неговите напори за отворање училишта и борбата со гркоманските свештеници и чорбаџии; „Дионис Вакхо“; „Труд ми е името“, која е вистинска апотеоза на трудот; „Рај божји“; „Аврора“, во која се воспеваат патриотските чувства и патриотската функција на просветата; „Крај реката Вардар“ и „Горка чаша кнеза Лазара последна тајна вечера“, која е една од најдолгите песни во Македонија од овој книжевен период. Драмските обиди на Џинот се првите од овој вид во македонската книжевност.