Фото: Пиксабеј

Неодамнешни истражувања сугерираат дека вклучувањето на цимет во вашата секојдневна исхрана може да има значително влијание за лицата што се изложени на ризик да развијат дијабетес. Исто така претходните студии сугерираат дека зачинот може да има антиоксидантни, антиинфламаторни, антидијабетични, антимикробни, па дури и антиканцерогени ефекти.
Сега, во една студија чии резултати се споделени во списанието „Американ џрнал оф клиникал нутришн“, истражувачите открија дека додатоците во исхраната со цимет можат да помогнат во намалувањето на нивото на гликоза (шеќер) во крвта кај луѓето со дебелина или прекумерна тежина и преддијабетес.
Секојдневното додавање цимет во храната покажа ветувачки резултати. Учесниците забележале значително намалување на нивото на шеќер во крвта во текот на 24 часа и доживеале намалени флуктуации на нивото на гликоза во текот на денот. Студијата препорачува дневна доза од само четири грама додаток од цимет, што се разградува на релативно подносливо количество во текот на денот.
Келси Коста, нутриционистичка консултантка за „Дијабетес стронг“, која не беше вклучена во оваа студија, ги коментираше методите на студијата за „Медикал њуз тудеј“.
– Иако групата на студијата беше избрана за да ги истражи ефектите на циметот врз регулацијата на гликозата кај лицата со преддијабетес и дебелина, неговата применливост на поширока демографска група бара претпазливост. Малата големина на примерокот ја ограничува издржливоста на заклучоците и ја одразува потребата за поголеми, повеќе репрезентативни студии – рече таа.
Се верува дека механизмот зад потенцијалните ефекти на циметот за намалување на шеќерот во крвта е двоен. Прво, богатата содржина на полифенол во циметот, заедно со различни биоактивни соединенија, може директно да влијае на нивото на гликоза во крвта. Второ, ефектот на циметот врз микробиомот на цревата исто така може да игра улога. Зачинот го промовира растот на корисни бактерии додека го инхибира растот на другите, што потенцијално влијае на нивото на гликоза во крвта.