Фото: Пиксабеј

!Монетата од две евра што можеби ја држите вреди значително повеќе од две евра. Некои почнуваат по цена и од 4.000 евра! Како е можно? Па, во одредени ситуации, Европската Унија продава специјални монети во ограничени серии, кои со текот на времето стануваат исклучително вредни. На пример, во чест на 25-годишнината од смртта на принцезата Грејс Кели, Монако искова 20.001 монета од две евра со нејзиниот лик. Дваесет илјади од нив излегоа на пазарот во текот на седум години, завршувајќи во 2014 година, а една му беше дадена како подарок на нејзиниот син, принцот Алберт Втори.
Во една комеморативна серија некогаш се произведени помалку монети, што дополнително ја зголемува вредноста на оваа од Монако. Веќе во периодот од 2007 до 2014 година, кога сѐ уште се произведуваа, се продаваа по просечна цена од 120 евра, а денес вредат 4.000 евра.
Исклучителна вредност има и монетата од две евра од Литванија, произведена во 2021 година, но не поради ограничена серија, туку поради грешка. Од 500.000 во оптек, 500 од нив имаат грешка на рабовите, поради што во колекционерските кругови се продаваат за околу 3.000 евра.
Исто така, уште една серија од две евра од Монако достигнува исклучителна вредност. Произведена е во 2016 година, во чест на 800 години од тамошната тврдина, и се продава за 1.500 евра бидејќи е ограничена серија.