Ѓоко Ѓорчев, ветеранот на македонската забавна музика, заедно со својата колешка Катерина Танева, која публиката ја знае како вокалистка на групата „Нели ти реков“, наскоро ќе го снимат својот трет дует. Станива збор за македонска верзија, на еден голем евергрин од бившите ЈУ- простори, песната „Земјо моја“ која, своевремено ја отпеа Исмета Крвавац. Автор на оригиналниот македонски текст е Огнен Неделковски, а аранжманот го направи Владимир Дојчиновски.

– Наскоро јас и Кате влегуваме во студио, а веќе се прават подготовките и за снимање на спот за нашата верзија на песната „Земјо моја“, која не враќа во некое убаво и среќно време и се надевам дека и публиката ќе го препознае тоа во нашата интерпретација. Среќни сме што ќе отпееме една антологиска песна, која се надевам ќе допре до срцата на многу луѓе и ќе биде прифатена од публиката. Во видеото ќе можат да се видат убавините на нашата земја, а телевизија Сител ќе застане зад неговата реализација – ни рече Ѓоко Ѓорчев.

Снимањето почнува идната недела, а по реализацијата на видеото, во план е промоција на спотот за „Земјо моја“ во Скопје.

M.T.