Секоја кариера еднаш мора да заврши. Луѓето едноставно не сакаат да работат повеќе во староста, а многу од нив и не се во можност. Истото тоа се случува и со актерите и актерките во Холивуд, поради што воопшто не е чудно што, на пример, Џек Николсон и Џин Хекман се простија од глумата. Николсон има 83, а Хекман има 91 година.
Многу е потешко да се објасни фактот дека некои нивни многу помлади колеги се збогуваа со глумата, иако заработија големи суми пари од тоа. Во продолжение ви ги откриваме актерите и актерките што ја напуштиле професијата што ги направи славни.

Камерон Дијаз

Ѕвездата на филмовите „Маска“ (1994), „Ангелите на Чарли“ (2002) и „Бандите на Њујорк“ (2002) повеќе од две децении со голем успех глумеше во многу холивудски хитови. Меѓутоа, по објавувањето на филмот „Ени“ (2014), Камерон Дијаз откри дека ѝ е тешко да снима филмови и дека решила да ја напушти глумата и да им се посвети на други работи.
Тоби Мекгваер

Тоби Мекгваер нема глумено дури од 2014 година, кога ја имаше главната улога во филмот „Жртвување на пионот“. Од друга страна, тој беше многу активен и како филмски продуцент. Постојат гласини дека тој ќе се појави во најновиот филм за „Спајдермен“, кој треба да се појави оваа година, но тоа сè уште не е договорено.

Даниел Деј Луис

Даниел Деј Луис е секако еден од најдобрите актери во неговата генерација, ако не и најдобар. Трикратниот добитник на „оскар“ отсекогаш бил пребирлив кога станува збор за улогите, но неговата голема посветеност кон секоја од нив отсекогаш била позната. Можеби баш поради напорот што го вложувал во неговото работење на секој филм, тој се збогува со глумата пред неколку години. Последниот филм во кој го гледавме беше „Фантомска нишка“ на Пол Томас Андерсон (2017).

Метју Фокс

Метју Фокс се прослави со улогата на Џек Шепард во многу популарната серија „Изгубени“. Паралелно со кариерата на телевизија, тој снимаше и филмови во Холивуд. Како негови најзначајни улоги може да се издвојат оние во филмовите „Ние сме тим“ (2006), „Спид рејсер“ (2008) и „Алекс Крос“ (2012). Фокс последен пат го гледавме во вестерн-филмот „Коскена томахавка“ од 2015 година, оттогаш се нема појавено на големото платно, ниту на малите екрани.

Ема Вотсон

Актерката Ема Вотсон последен пат ја гледавме во филмскиот хит „Малите жени“ (2019). По крајот на неговото снимање, познатата Британка изјави дека ќе направи пауза од глумата и ќе им се посвети на активизмот и хуманитарната работа. Во меѓувреме немаше никаква вест дека се премислила, ниту пак дека прифатила нова понуда да игра во филм, серија или претстава.