Фотографија стара 17 години на која Џеф Безос и Илон Маск сѐ уште не се ривали, неодамна беше споделена на Твитер. Фотографијата е направена во 2004 година, пред почетокот на ривалството меѓу двајцата најбогати луѓе на светот, пренесува „Бизнис инсајдер“.
На фотографијата, Маск и Безос седат во ресторан со насмевки на нивните лица. Фотографијата е направена непосредно пред тие да тргнат по различни патишта.
– Тешко е да се поверува дека ова беше пред 17 години – нашиша Маск на Твитер.
Се верува дека средбата во 2004 година е почетокот на долгогодишното ривалство меѓу Маск и Безос и нивните вселенски компании, „Спејс екс“ и „Блу ориџин“.
Додека Безос јавно не изјави ништо за вечерата, Маск му ја опиша средбата на Кристијан Девенпорт за неговата книга „Вселенските барони“.
Маск ги нарекол идеите на Безос во врска со ракетите глупави, и отворено кажал дека „Спејс екс“ веќе испробала некои од идеите што Безос тогаш ги предложил.
– Јас всушност дадов сѐ од себе за да му дадам добар совет, но тој во голема мера ме игнорираше – рече Маск.
Од времето на нивниот „раскол“, „Спејс екс“ и „Блу ориџин“ постојано доаѓаа во судир околу присвојувањето на таленти, изуми, договори со НАСА и пристап до места за лансирање на нивните ракети.
Изминативе неколку месеци Безос и Маск се борат и за титулата најбогата личност на светот. Безос моментно е на прво место со богатство од 181 милијарда долари, додека Маск кој „тежи“ околу 170 милијарди долари, го држи второто место.