Американските власти соопштија дека писмото му било предадено на шпанскиот амбасадор во САД, а пронајдениот примерок е украден во 2005 година во Барселона.
Писмото, кое било упатено до кралот Фердинанд и кралицата Изабела, е едно од 16-те копии кои биле изработени по барање на Колумбо. Во него се опишани откритијата на морепловецот во новиот свет.
Писмото било украдено на тој начин што било заменето со фалсификувана копија, која била откриена дури во 2012 година, откако се појавила информација дека повеќе примероци од писмото се украдени од европските архиви.
Со истрагата било утврдено дека примерокот украден во Барселона прво бил продаден за 600.000 евра, а потоа во 2011 година бил препродаден за цена од 900.000 евра.