Од голема важност е да работите на место каде што се чувствувате среќни, исполнети и вашата работа е ценета. Среќата при работењето претставува луксуз за многумина, дури и во нормални времиња а во 2020 година тоа звучи речиси невозможно, пренесува „Бизнис инсајдер“.
Доколку има луѓе што се среќни на работното место, големи се шансите дека тие се вработени во некоја од компаниите што се на листата со 100 американски компании со најсреќни вработени. Листата била направена од „Комперебли“, веб-страница за истражување на кариера со анализа и споредба, врз основа на оценувања од вработените во период од една година.
Компаниите биле оценувани според работната околина, платата, поволностите и можноста за исполнување на целите за напредување во кариерата. Вработените можеле да ги оценуваат фирмите и врз основа на негативни карактеристики како премореност, а оценувањето се вршело анонимно во периодот од септември 2019 до септември годинава. Истражувањата се направени во околу 60.000 компании од кои се добиени податоци од 10 милиони оценувања. Направени се две листи на компании, од кои првата е на 50 големи компании и на 50 компании со средна големина.
Водечки пет големи компании со најсреќни вработени
1. „Зум видео комјуникешнс“
2. „Хабспот“
3. „Мајкрософт“
4. „Рингцентрал“
5. „Епл“
Водечки пет компании со средна големина со најсреќни вработени
1. „Импривата“
2. „Таксџар“
3. „Снек“
4. „Гоусајт“
5. „Пендо“
Листата со 100 компании со најсреќни вработени во САД можете да ја погледнете на следниот линк.