Серијата „Игра на тронови“ заработи бесплатна реклама во вредност од 25,2 милиони долари, откако претседателот Донлад Трамп искористи референца од популарната серија како реакција за специјалниот извештај на Роберт Милер, пренесува „Јуроњус“.
– Играта е завршена – напиша Трамп, користејќи го препознатливиот фонт врз фотографијата на која тој е завртен со грб и гледа во далечината. На фотографијата пишува и „нема заговор, нема опструкција“, како и „наменето за мразачите и радикалните левичари демократи“.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) April 18, 2019
Објавата на претседателот Трамп беше веднаш по прес-конференцијата на адвокатот Вилијам Бар во врска со извештајот на Милер, а во моментов е „прикачен твит“ на неговиот профил.
Со четири милиони гледачи ширум планетата, твитот овозможил бесплатна промоција на серијата „Игра на тронови“ во вредност од 25,2 милиони долари во изминатите 24 часа, според компанијата „Апекс маркетинг“, кои следеле колку пати бил споменуван твитот на телевизија, радио и на Интернет.
– Ваквата изложеност на твитот во јавноста е еднаква на вредноста на пет реклами на Суперболот – рече претседателот на „Апекс“, Ерик Смолвуд.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) January 6, 2019
Претседателот на САД и претходно има користено различни видови на референци од серијата, како „ѕидот доаѓа“, слично на познатата изрека од серијата „зимата доаѓа“.
И покрај бесплатната реклама, креаторите на серијата „Ејч-би-оу“ приговорија на твитот поради повреда на авторските права.
Ова не е првпат Трамп да се соочи со проблеми поради повреда на авторски права. Минатата недела, тој промовираше двеминутно видео со музиката од култниот филм „Подемот на темниот витез“, филм за стрип-јунакот Бетмен од компанијата „Варнер брос“.