За „Нова Македонија“ од Тел Авив, Марија Таушанска
Салата на „Експо центарот“ во Тел Авив се тресеше од аплаузите со кои публиката за време на изведбата ја награди нашата Тамара Тодевска додека ја пееше „Proud“, песна која дефинитвно не направи сите горди. Социјалните мрежи се вжештија од комплиментите на колегите на Тамара, кои цело време и даваат безрезервна поддршка.
Атмосферата беше слична и во Прес-центарот, каде припадниците на седмата сила со бурни извици и ракоплескање реагираа на нејзината брилијантна изведба, посигурна и пораскошна од онаа во полуфиналето.
Реагираат и порталите во опкружувањето, а на index.hr се појави и наслов: „Веќе ја имаме победничката, Македонката растури во финалето“.
Да се надеваме дека вечерва и публиката и жирито ќе бидат на наша страна.
До крајот на шоуто има уште десетина песни, а меѓу фаворитите се и: Норвешка, Шведска, Швајцарија, Русија,а доста емотивен настап имаше и претставникот на домаќинот Израел.