Британскиот пејач Роби Вилијамс од сопругата за годишница добил плантажа со марихуана, за да има своја залиха која ќе биде складирана во нивната заедничка вила во Лос Анџелес.
Роби не крие дека понекош сака да „запали“ и не се срами да зборува за тоа. Тој дури во 2012 запали „џоинт“ во Бакингемската палата, кога настапуваше по повод дијамантскиот јубилеј на кралицата, пишува „Дејли меил“.
Вилијамс претходно имал големи проблеми со зависност од тешки дроги и алкохол, но тоа успеал да го надмине со помош на неговата сопруга Ајда со која е во брак од 2010 година и имаат две деца.