Почина Пол Матерс, басист на легендарната група „Еј-Си/Ди-Си“, кој се придружил на бендот во 1975 година, пренесува „Дејли мејл“.

Тој се приклучил како замена на Лари ван Крид, тогашниот басист во групата, по објавување на нивниот дебитански албумот „Висок напон“. Водечкиот вокал на групата Бон Скот го отпуштил само по неколку недели.

Матерс ја напушти музиката по заминување од оваа група, а во бендот го заменил Марк Еванс. Пред „Еј-Си/Ди-Си“ тој свирел во групата „Армагедон “ од Њукасл.

За смртта на Матерс објавил неговиот пријател Род Вескомб, преку Фејсбук, истакнувајќи и дека музичарот живеел повлечено во поодминатите години и дека неговиот начинот на живот како музичар придонел за нарушување на неговото здравје на постара возраст.