Македонската претставничка Тамара Тодевска го имаше својот настап со песната „Proud“ во Тел Авив, Израел, во првата половина од финалето на 64-от Избор на песна на Евровизија.
Aвтори на песната „Proud“ на англиски јазик се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а стиховите се дело на писателот Коста Петров, кои се дел од евровизискиот тим во Израел.
Мотото на годинашниот евровизиски избор е „Осмели се да сонуваш“. Во финалето се натпреваруваат Малта, Албанија, Чешка, Германија, Русија, Данска, Сан Марино, Македонија, Шведска, Словенија, Кипар, Холандија, Грција, Израел, Норвешка, Велика Британија, Исланд, Естонија, Белорусија, Азербејџан, Франција, Италија, Србија, Швајцарија, Австрија и Шпанија.